2win800x200

Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција

Јануари 03, 2026
Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар.
Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.
Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.
Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот.
Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек, потврдува за АПЛА.мк директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски. 
А.Б
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани