2win800x200

И Коњановски со младите бадникари правеше бадникови ѕвезди

Јануари 02, 2026

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА МЛАДИТЕ БАДНИКАРИ ВО

ИЗРАБОТКАТА НА БАДНИКОВИТЕ ЅВЕЗДИ
 
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка
која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и
населени места во Македонија.
 
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно
изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и
со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди,
подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите
в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.
 
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде
плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св.
Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом
каде ќе биде завршниот дел на поворката.
 
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел
од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
 
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила
на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја
претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната
вест.
 6 badnikovi zvezdi
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани