
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Една жена и пет мажи се пријавени на јавниот повик за претседател на ОО на СДСМ Битола. Конкурсот заврши на 2 април, а дел од кандидатите веќе беа на интервју со генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитриевиќ. Според изјавата на Димитриевиќ за АПЛА, досега за претседател на општинската на СДСМ Битола се пријавени 6 кандидати. Но како што вели генералниот секретар се очекуваат и пријави по пошта. "Конечниот избор ќе биде по празникот", потврди Димитриевиќ за АПЛА. Неофицијално според извори на АПЛА, за лидер на општинската во Битола се пријавиле, -Зоран Стојчевски, поранешен советник во Советот на Општина Битола, вработен во АПРЗ; Јане Велкоски, кандидат за советник на последните локални избори вработен во приватна ИТ компанија; Борче Корлевски поранешен советник и вработен во РЕК "Битола"; Ѓорги Ѓоргиевски координатор на реон во партиската структура и вработен во РЕК "Битола"; Анета Сердарова поранешна портпаролка на ОО на СДСМ Битола, вработена во ЈКП Комуналец и Тома Бакулевски претседател на комисија за енергетика при СДСМ Битола, вработен во РЕК "Битола". Кој ќе биде избран за претседател во Битола ќе се знае најдоцна до крајот на април. Текст и фото А. Блажевска
