2win800x200

Времена забрана за лов на сом во акумулацијата „Стрежево“

Април 10, 2026
Стрежевско езеро Стрежевско езеро

Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација информира за времена забрана за лов на сом во водите на акумулацијата.

Согласно риболовната основа за риболовното подрачје „Стрежево“, од 15 април до 15 јуни 2026 година стапува во сила привремена забрана за лов на сом со цел заштита во период на мрестење.

Од ЈП „Стрежево“-Битола посочуваат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов на акумулацијата „Стрежево“, туку се применуваат временски ограничувања кои се однесуваат на одредени видови риби, согласно нивниот биолошки циклус. Од претпријатието апелираат рекреативните и спортските риболовци да ја почитуваат забраната, со цел зачувување на природните ресурси и долгорочна заштита на биодиверзитетот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани