2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Маратонец во пливање од Кавадарци, по професија лекар специјалист го преплива Стрежевското Езеро

Јуни 06, 2021

Доктор Бошко Илиев специјалист по спортска медицина од Кавадраци, љубител на пливањето и на спортот воопшто, на 56 годишна возраст денес го преплива Стрежевското Езеро кај Битола. Ова е 13 езеро во земјава кое го препливал или каде што имал настапи во маратонско пливање. Неговата замисла е да ги преплива сите природни езера и вештачки акумулации во Македонија.

„Ја сакам Македонија и пливањето, ние имаме прекрасни дестинации и за пливање и за другите спортови. Ако Хрватска има море, Србија ги има реките, ние имаме прекрасни езера и треба да ги ползуваме за спорт и рекреација. Мојата цел е да го промовирам пливањето како еден од најздравите спортови, да го промовирам спортот и да дадам мотив на младите што повеќе да спортуваат, да се движат и да одат кон едни правилни позитивни насоки“, рече Илиев.

Со маратонско пливање активно се занимава 20 години. Денешниот му беше 93 маратон во спорската кариера. Настапувал низ Балканот и во Македонија. Има препливано 71 меѓународен и 22 македонски маратони во трки и соло конкуренција.

Од вештачката акумулацијата Стрежево пливаше во делот за рекреативци, патека околу 7 до 8 километри во два правци за време од два и пол часа.

Негов секундант беше Ќире Марков од Битола , долгогодишен маратонец кој има испливано околу 30 маратони и 25 години е секундант на интернационалниот маратон во Охрид. Под негово менторство во Битола се изградија многу добри пливачи со шампионски титули на ниво на држава, иако во градот нема затворен базен.пливац

194375917 230571232206160 3386099526900652304 n

-

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани