2win800x200

Директорката Гордана Јоначиќ се огласи за случајот со наставникот Стефан Поповски - ООУ „Тодор Ангелевски“ посветено на законито, транспарентно и одговорно работење

Мај 27, 2026
фото Гордана Јоначиќ - директор на ООУ Тодор Ангелевски Битола фото Гордана Јоначиќ - директор на ООУ Тодор Ангелевски Битола

 

Актуелната директорка на ООУ „Тодор Ангелевски“  Гордана Јоначиќ по објавувањето на вториот текст на АПЛА во врска со случајот со наставникот по ликовно образованоие Стефан Поповски испрати изјава во која наведува дека како директорката на ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола постапува во целост согласно важечките законски и подзаконски прописи од областа на основното образование и работните односи.

Главното прашање на кое Јоначиќ  се уште не даде одговор е зошто наставникот Поповски не бил на платниот список на училиштето а држел настава и дали се валидни оценките што до минатата недела ги пишувал сега избрканиот наставник? 

Изјава на директорката на ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола - 

„ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола постапува во целост согласно важечките законски и подзаконски прописи од областа на основното образование и работните односи. Во однос на конкретниот случај кој се споменува во јавноста, училиштето соработува со надлежните институции и постапува по сите нивни укажувања и насоки. Во моментов е во тек постапка на инспекциски надзор од надлежните органи, по што ќе биде изготвен официјален записник, врз основа на кој училиштето ќе постапи согласно законските обврски. Поради заштита на личните податоци, како и заради почитување на начелата на доверливост во тековни постапки, училиштето не може да коментира поединечни аспекти на случајот во оваа фаза. ООУ „Тодор Ангелевски“ останува целосно посветено на законито, транспарентно и одговорно работење, како и на навремено постапување по сите официјални наоди на надлежните институции“, изјави Јоначиќ за АПЛА. 

Веста објавена на АПЛА Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола цела учебна година одел на работа во подрачно основно училиште во Битолско без да му се каже дека добил отказ уште лани во јануари, без да знае дека не е на платен список и нема договор за работно ангажирање, силно ја разбранува јавноста, а ОЈО Битола почна постапка за испитување на случајот.  

За случајот ппостапки отворија и Државниот просветен инспекторат и Трудовата инспекција, а веќе постапуваше и Општинскиот инспекторат за образование од каде се чека извештајот што е констатирано при увидот во петокот (22 мај)  доцна попладнето. 

Всушност младиот наставник, некаде во 2020 година, напочеток бил ангажиран во три училишта, во ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Коле Канински“ Битола и ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола, се било регуларно и со согласности од МОН и Општината. Но, како се менувале директори во ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола, Стефан бил тргнат од платниот список на наставниот кадар без да биде информиран. Училиштето сега му доставува документ за наводен отказ на кој тој не е потпишан, а за да биде симптоматично на документот нема печат ни од бившата директорка, туку само потпис. Со решение за престанок на работен однос бившата директорка напишала дека Стефан Поповски на работа е ангажиран заклучно до 29 јануари 2025 година и не му се продолжува договорот за работа. Меѓутоа Стефан тврди дека вакво решение лани не добил, сега прв пат го гледа и затоа нема потпис од негова страна на решението.

За да биде небулозата поголема, Стефан за цело време уредно држи часови во училиштето.

„Јас не знаев дека сум добил отказ, напротив продолжувам да држам часови, имам пристап до е-дневникот, пишувам оценки, одам на Наставнички совет се потпишувам за присуство, водам евиденција, се како што прават и редовно вработените наставници. Одам со децата по натпревари, пред два дена со ученичка добивме награда. Се до вчера кога откако си ги побарав правата директорката ми забрани пристап до школото. Сега се прашувам на крај на учебна година сме дали оценките што ги напишав на полугодието се валидни или не за децата?“, прашува младиот Стефан во разговор за АПЛА.

Стефан реагира веќе два месеци до надлежните дека нешто не е во ред со неговата плата и стаж.

„Во подрачното ООУ ,Тодор Ангелевски' бев ангажиран подолго време и цело време одев на работа. Платата ми се исплаќаше во проценти помеѓу трите училишта каде што бев ангажиран. На почетокот на учебната година зедов извештај од банката дека ми се исплаќани само 16 наставни часа, наместо 20. Утврдив дека од ООУ ,Тодор Ангелевски' прекинале да ми исплаќаат плата и стаж. Бев кај благајничката и тогаш ме извести не постојам на платен список од 29 јануари 2025 кога директор беше Наташа Швигир и новата директорка Гордана Јоначиќ не ми исплаќала плата и ме избришла од списокот на вработени. Јас одговорно тврдам дека одев на работа како и сите други колеги за што имам сведоци", изјави за АПЛА, наставаникот Поповски.

Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека добил отказ – држел настава пишувал оценки до вчера

 

https://apla.mk/krfica/item/18009-nastavnik-po-likovno-vo-bitola-cela-godina-odel-na-rabota-bez-da-mu-kazhat-deka-dobil-otkaz-drzhel-nastava-pishuval-ocenki-do-vchera

Обвинителството го испитува скандалозниот случај со наставникот Стефан Поповски кој цела година не зел плата од ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола

 

https://apla.mk/ifrit/item/18020-obvinitelstvoto-go-ispituva-skandalozniot-sluchaj-so-nastavnikot-stefan-popovski-koj-cela-godina-ne-zel-plata-od-oou-todor-angelevski

 

 

Текст Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани