2win800x200

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на прославата на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, која ја организираше Амбасадата на САД. Коњановски објави зеадничка фотографија со американската амбасадорка Ангела Агелер. На прославата присуствувале и  претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе владини министри, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и функционери.

Пожарот ја уништи внатрешноста на старата градска куќа во центарот на Битола кај Стара Болница. Огнот избувнал нешто пред 11 часот денеска и за брзо е локализиран од битолските пожарникари. Спречено е пламените јазици да се прошират на соседните куќи. противпожаната територијална единица од Битола интервенираше со две возила и 7 пожарникари. 

546417808 742847332080496 151349159702861525 n

546478183 742847318747164 3908195295197182685 n

545741728 742847335413829 6470461043216785989 n

545673523 742847382080491 2444620514133772971 n

 

Општина Битола денеска ја замени спомен-плочата на споменикот на војводата Александар Турунџев, откако јавноста реагираше дека претходно не била напишана на македонска кирилица.

Новата табла е поставена експедитивно, а текстот  е напишан на македонски јазик и со македонска кирилица.

Од локалната самоуправа порачаа дека ваквите корекции се одраз на посветеноста кон зачувување на јазикот и националниот идентитет, како и должната почит кон хероите од македонската историја.

 

Споменикот на Александар Турунџев останува симбол на борбата за слобода и потсетник за хероите кои оставиле трага во македонската историја

БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година, објави .https://nezavisen.mk

Славеникот Дранго, роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот лик наспроти мечка, се облекол во маичка со апликација со мечка, што навидум личи на подбив за случајот кој го отворија истражните ограни за него, подбив за реакцијата на јавноста и одгласот на здруженијата за заштита на животните за реалната фотографија со отепаната мечка.

На фотографијата на Фејсбук, сега екс заменик-директорот на „Македонија пат“ Дранго е сликан паднат на колена, значи седи на подот на некоја кафеана, во едната рака ја држи тортата на која има украс како седи на маса со чаша вино в рака и наздравува со мечка. Маицата што ја носи е во бојата на кафеавата мечка,  но овој пат избрал јадра мечка, а не како таа на реалната фотографија за која е под истрага. Зад него е декорирано со балони што оддава на славеничка атмосфера.

Над објавената фотографија Дранго напишал: „Еве, со мечево пак се сретнавме, ми дојде на роденден“,  и ставил емотикон со намигнување, кој обично се користи кога некој се шегува или сака да испадне интересен.

Оваа роденденска фотографија Дранго ја ограничил само за свои пријатили што ги одбрал и не може јавно да ја види секој. Но, од фотографијата која ја доби „Независен“, се гледа дека од синоќа досега ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ добил над 1.000 лајкови и над 600 коментари со честитки за роденденот.

Фејсбук пријател на Дранго му напишал среќен роденден со порака – „Сите желби реалност, ќе дојди и лаво, полека бате“.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, оти Сашо Дранго тогаш беше заменик-директор на „Македонија пат“ и со партиска функција – претседател на Унија на ветерни на ВМРО-ДПМНЕ на Демир Хисар.

ОЈО Битола експресно отвори предмет и презеде дејствија за обезбедување докази. Дранго беше викнат во Обвинителството да даде исказ, а истражните органи со судска наредба влегоа и во неговиот дом во демирхисарското село Белче и извршија претрес. Јавно, ниту ОЈО Битола, ниту Дранго не кажаа што нашле во куќата кај тогашниот државен и партиски функционер. Особено за јавноста беше предмет на интерес дали евентуално полицијата ја најде пушката со снајперски нишан што Дранго ја држи во раката на спорната фотографија со мечката.

Од ОЈО Битола во јули последно потврдија дека за предметот на Дранго уште следат постапки што треба да се дополни истрагата.

„Постапката е во тек со дополнителни проверки за кои јавниот обвинител издаде соодветни наредби до СВР Битола“, одговори ОЈО за „Независен“ на 17 јули.

Денеска од ОЈО Битола за „Независен“ го соопштија само ова: „По насоки на јавниот обвинител постапува СВР Битола “

Од она што се знае досега е дека осомничениот ја направил оваа фотографија лани во декември. Тој тврдеше за медиумите дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонијапат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.

Меѓутоа СВР Битола го демантира и плус даде информација дека тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје. Од тука остана прашањето – чија била пушката со снајперски нишан.

Јавноста побара оставка од Дранго од втор човек на „Македонијапат“. Случајот доби и политичка димензија, па на крајот на јануари за случајот се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека не верува во неговата приказна за убиената мечка.

Но, Дранго не беше разрешен, тој за „Независен“ на СМС порака лично потврди дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .

„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Дранго.

Спорната фотографија за Дранго со мечката ја обелодени Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Оттаму се децидни дека тој треба да одговара „кривично со најстрога казна земајќи го предвид неговото портфолио и тоа што беше функционер треба да послужи за пример“.

 

 

 

 

Сашо Дранго цела фотографија Независен.мк

Сашо Дранго фејсбук фотографија 

 

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

 

 

 

(корегирано во 15 и 37)

Внуката на војводата Александар Турунџев, познатата македонска певица и телевизиски водител Сузана Турунџиева денеска објави фотографија од балконот на семејниот  дом во Битола од каде има директен поглед на новопоставениот споменик на војводата Александар Турунџев  во близина на Ат Пазар во Битола. Турунџиева утринскиот чај го пие во филџан со ликот на великанот Гоце Делчев, а погледот е вперен во ново откриениот споменик на војводата Турунџев. Внуката на војводата овој поглед го опишува со зборовите - "Какво бесценето чувство!" 

Стануваш од спиење и се прашуваш дали она вчеравечер беше сон или реалност?
Погледнуваш низ прозорец, го гледаш дека е тука и си велиш: Не, не било сон. Тука е, Турунџе е тука! Конечно!!! 
А мајка ти те чека со сварен чај од душата на мајката... Си седнуваш на тераса и гледаш во сонот кој стана реалност, а луѓе непрестано доаѓаат, му се поклонуваат и се сликаат...
Одсега нашиот стан нема само материјална и емотивна вредност.  Одсега има и историска вредност! 
Фала ти животе, напиша македонска певица Сузана Турунџиева 1000005043

Општина Битола со соопштение до јавноста

 
Општина Битола ја информира јавноста дека во врска со спомен - плочата посветена на Александар Турунџев се појавија јавни реакции поради визуелниот изглед на користениот фонт.
 
Забелешките беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Сепак, стручната лингвистичка анализа покажува дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за типографско решение во декоративен стил, каде одредени форми повеќе наликуваат на латинични знаци отколку на кирилични.Таквата визуелна сличност го создаде впечатокот на погрешно напишани зборови. 
 
Имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето и значењето на јазикот и писмото како дел од националниот идентитет, Општина Битола ќе изработи нова спомен - плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик. 
 1000005048
Со овој чекор, целта е да се избегне секаква забуна и да се обезбеди јасна и прецизна јазична форма, како што прилега за јавните обележја што ја чуваат историската меморија и сите други форми на јазичен израз.
 
Општина Битола останува посветена на негување на јазичната исправност, културната традиција и достоинственото чествување на хероите што се вградиле во слободата на Македонија. 1000005041

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани