Клиничка болница – Битола изразува искрена благодарност до Lions Club „Кабадаја“ – Битола за значајната и хумана донација на комплети јоргани, перници и постелнини, како и ламинат, кој ќе биде поставен на Одделението за педијатрија.
Дел од донацијата ќе биде наменет за подобрување на условите на Педијатриското одделение, додека останатиот дел ќе биде распределен на повеќе одделенија во болницата, согласно реалните потреби, со цел унапредување на условите и престој на пациентите.
Ваквите донации претставуваат вистински пример за општествена одговорност и солидарност, и имаат директно позитивно влијание врз квалитетот на здравствената грижа.
Голема благодарност до Lions Club „Кабадаја“ – Битола за нивната поддршка, хуманост и грижа за сите пациенти кои се лекуваат во нашата болница.