2win800x200

Горната Гимназија со уметнички перформанс СЛОВО ЉУБВЕ по повод патрониот празник на Битолскиот Универзитет

Декември 01, 2025

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе го одбележи 8 Декември, својот патрон ден, со тридневна прослава, со настани со кои покажува дека ја продолжува  мисијата на големиот просветител, учител и творец Св.Климент Охридски.

Годинава на УКЛО му припадна и честа во рамки на  прославата да биде организатор и на завршниот настан од Државната програма за одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

4739e6c1 09e2 498e 8a64 50bbf072e1f4

„Ја добивме можноста да ја организираме завршната свеченост и без размислување се одлучивме за оваа институција, во која првпат во Македонија се слушнал македонски литературен кодифициран јазик, тоа е Гимназијата „Јосип Броз Тито“, која оваа година исто одбележа 80 години настава на македонски јазик“, рече ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски на денешната прес конференција.

Уметничкиот перформанс насловен СЛОВО ЉУБВЕ или Љубов кон словото, е доказ за огромната креативност, талент, енергија, љубов и почит кон нашето минато и традиција, и отворена мисла кон иднината на младите луѓе.

40-сетина учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, членови на драмската група АНИМА 4, на 4 декември во Народниот театар ќе приредат несекојдевно доживување.

f2b5b815 2f18 4cb5 8e4e 82cfa3fdcded

„Уште еднаш ќе покажеме дека ние сме народ со сопствен идентитет без предрасуди и дилеми за тоа кои сме и што сме.“  рече професорката Даниела Петровска, заменик директорка во Гимназија, автор на сценариото за перформансот и нагласи:

„Единствената и најважна порака на СЛОВО ЉУБВЕ е дека љубовта кон светата реч  е најважна, на кој било јазик искажана. Прво на македонски, после на сите други јазици, и тоа е всушност и основната наша тенденција во заедничката соработка – да покажеме дека ние како Македонци сме дел од една европска заедница на народи која што е апсолутна вклучена во сите научни проекти и оттаму нашите ученици во музичкиот дел ќе изведат песни и на македонски и на англиски јазик и со тоа ние уште еднаш ќе ја пратиме пораката –‘Да се биде Македонец, значи да се биде граѓанин на светот’, што своевремено и Рацин го кажал, а пред него и Мисирков“, рече Петровска.  

9a583dce 1545 40f0 a012 06a7d91b7a7f

Како режисер на претставата се јавува ученичката Веда Мавровска, менторирана од професорките Даниела Петровска и Симона Петровска.

„Спремаме една претстава која лично едвај чекам да ја видите сите. Имаме прекрасна екипа на ученици со кои дишеме како едно. Се поддржуваме, даваме идеи. За театарска уметност и за македонскиот јазик се создаваат дружби кои ќе траат засекогаш. Ова е убав настан кои ги спои Универзитетот и Гимназијата, ни го продлабочи знаењето за македонскиот јазик и за театарската уметност“, рече ученичката Веда Мавровска, режисер.

174911ca 084e 40a3 9a96 37789e6847f8

 

Прославата на патрониот празник на УКЛО започнува в среда, 3 декември, со промоција на 24 нови доктори на науки, а в четврток во предпладневните часови УКЛО е организатор на тркалезна маса за меѓууниверзитетска соработка на која ќе се развие дискусија со претставници на универзитетите членки на УНИАДРИОН, регионалните засегнати страни и институционалните партнери.

Со настаните кои следат УКЛО, како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС,  повторно ја потврдува својата мисија – да биде чувар на духовното и културното богатство и носител на современиот образовен дух. 

 

2033a554 8bad 4af2 8154 b223e22e37be

 

текст и фото А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани