2win800x200

Мајстори на комуникациските вештини низ свесна употреба на функциите на јазикот!

Април 30, 2025

Сигурноста во употребата на јазикот не е само вештина, туку и моќно оружје за секој освестен човек. Во бизнисот и во секојдневните животни ситуации, јасната комуникација е клуч за успех.

 Отворете ги вратите кон можностите за совладување на употребата на јазикот низ неговите шест функции.

Ако сакаш твојата мисла да изгледа јасно, силно и влијателно – научи да владееш со јазикот и со неговите функции.  Во светот на идеи, бизнис, лидерство и секојдневие, не победува секогаш најгласниот – туку оној што знае како и кога да пренесе правилна порака. Јазикот не е само алатка, туку стратегија, визија и сила. Од аргументирање до инспирирање, од убедување до поврзување – функциите на јазикот се твоето тајно оружје.

„Границите на мојот јазик се граници на мојот свет“ – Лудвиг Витгенштајн. Прошири ги своите граници, разбери ја суштината на комуникацијата. Научи зошто и како зборуваме, како создаваме лични и професионални светови.

Професионални целни групи:

  • Лидери и менаџери – за јасна, инспиративна и влијателна комуникација.
  • Новинари и медиумски работници – за подобро разбирање на улогата на јазикот во креирање пораки.
  • Маркетинг и ПР професионалци – за користење на јазикот во различни комуникациски стратегии.
  • Професори, наставници и едукатори – за развивање на комуникациски вештини кај ученици и студенти.
  • Политичари и јавни личности – за подобро јавно изразување и говори со цел.
  • Претприемачи и продавачи – за уверливо претставување на идеи, производи и услуги.

Непрофесионални целни групи:

  • Средношколци и студенти (особено од општествени и хуманистички науки) – за личен развој и академско изразување.
  • Млади лидери / волонтери / активисти – за јавно говорење, застапување и дијалог.
  • Родители и старатели – за подобра комуникација со деца и млади.
  • Личности во потрага по работа – за самопрезентација, мотивациски говори и интервјуа.
  • Секој што сака да ја усоврши својата комуникација во секојдневниот живот – за појасна мисла, подобро разбирање и посигурно изразување.

            Биди јасен, зборувај осмислено и со цел!

 

     Обуката ќе ја обавува професор м-р Даниела Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани