2win800x200

Амбасадорот Горан Милевски ја отвори првата македонска библиотека во Крањ, Словенија

Ноември 30, 2025

Синоќа во Општина Крањ, Словенија, македонскиот амбасадор Горан Милевски  ја отвори првата македонска библиотека во Словенија. 1000009726

 
"Синоќа во Крањ, имав чест да ја отворам првата македонска библиотека во Словенија.
 
Македонското културно друштво Св.Кирил и Методиј од Крањ, повеќедецениската желба за своја библиотека, синоќа ја претворија во реалност.
На свеченоста присуствуваа повеќе македонски друштва од Словенија, Австрија и Италија.
Настанот со своето присуство го збогати писателката Анита Петрова која ги промовира своите два романи "Ти не си тој" и "Нулта точка".
Нека се зголемува фондот на литература, бројот на читатели, како и бројот на македонски библиотеки ширум светот", објави амбасадорот Милевски. 1000009727 1000009728 1000009724 1000009725
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани