2win800x200

Милевски-Адреналински парк на Пелистер, капсула за елементарни непогоди на УКЛО, македонско-грчки проекти за погранична соработка

Мај 04, 2022

Во Битола во партнерство со Национален парк Пелистер ќе градиме адреналински парк, најави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Настанот се одржа во  Офицерскиот дом кој исто така беше реновиран со средства од ИПА фондовите. Денеска се промовираа 22 проекти кои ќе се реализираат во рамки на програмата за прекугранична соработка со соседна Грција, а се потпишаа десет договри кои се подготвени за реализација во следниот период. 

Нема достапен опис

Во овој повик акцент беше ставен на проектите посветени на заштита од природни непогоди, заштита на културно наследство и развој на локалната економија, посочи министерот Милевски на прес-конференција во Битола.

Нема достапен опис

-Во Битола во партнерство со Национален парк Пелистер ќе градиме адреналински парк. Станува збор за атракција која освен што ќе привлече туристи ќе овозможи услови за забава и рекреација. Предвидуваме заштита од непогоди на Националниот парк и исто така заштита од непогоди и на градот Битола. Проекти има и за во други делови на државата со што продолжува успешното комуницирање на граѓаните од двете држави истакнато преку општините, граѓанските организации и планинските региони, истакна Милевски.

Од Националниот парк велат дека проектот ќе биде имплементиран во делот за заштита од пожари и поставување на метеоролошка станица. 

-Од првиот проект ќе биде обезбедна техничка опрема и возила, противпожана опрема, за што се предвидени 150 илјади евра. За адреналинскиот парк се предвидува да се гради во близина на Инфо центарот со содржини за деца и возрасни, за што ќе бидат потрошени околу 200 илјади евра, рече директорот на Националниот парк Битола, Осман Шукриу.   

Што се однесува до проектот капсула за елементарни непогоди на УКЛО, тој ќе се реализира на ФИКТ во Битола со вклучување на капацитети од Универзитетот.

-Овој проект значи заштита од комплексни пожари и поплави, но и предвидување на вакви непогоди. Ќе се набави опрема од околу 100 илјади евра, рече ректорот на УКЛО Сашо Коруновски. 

Во вториот јавен повик за кофинансирање на проекти обезбедени се и ќе се доделат 7,6 милиони евра кои Министерството за локална самоуправа очекува целосно да бидат искористени. Се надевам реализацијата ќе биде стопроцентна рече министерот Милевски. 

-Работата на терен и имплементацијата на проектите почнува од денес. Роковите за завршување на проектите се движат од 18 до 20 месеци, но ние очекуваме тие да бидат завршени порано, нагласи министерот Милевски на денешниот промотивен настан што се одржа во битолскиот Офицерски дом.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани