2win800x200

Во сабота во Битола „Вистинска парада на гордоста“

Јуни 17, 2026

Сабота на 20.06 со почеток од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола, по петти пат ќе се одржи „Вистинска парада на гордоста”, како контра марш на Парадата на гордоста закажана за истиот ден во Скопје. Организаторите објавија дека начелата по кои се водени за поддршка на “Вистинската парада на гордоста” се: -Дом, -Семејство, -Родители-МАЈКА и ТАТКО,-Деца.

-Начела дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед. Ве очекуваме сите заедно со вашите најблиски да се собериме на плоштадот Магнолија каде сите заедно со еден марш низ Широк сокак да се упатиме до паркот, каде ќе се одржат неколку кратки обраќања за мотивите на организирањето на ваквата парада, велат организаторите.

Маршот и годинава го поддржуваат свештеници на МПЦ-ОА. Стефан Здравевски повика на поддршка.

-Иако ништо нема да промениме сепак да покажеме на која страна сме! Секој ште ќе се најде во близина и може да дојде а не доаѓа, тоа значи дека е на другата страна! Повелете и придружете ни се, напиша свештеникот Здравевски на Фејсбук.  Текст Религија. мк 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани