2win800x200

Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола - жителите се жалат на ископаниот асфалт

Јуни 17, 2026
улица Дебарска улица Дебарска
Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола. Жители на улицата со фотографии реагираа до АПЛА дека на асфалтот поради оштетување се направени големи дупки, шахтите се пропаднати и претставуваат опасност по безбедноста во сообраќајот. Од Општина Битола велат дека наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата што ќе вклучува коловоз, водоводна и канализациона мрежа.      
 
-Улицата „Дебарска“ во Битола е во програма, склучени се договори со изведувачи, средствата се обезбедени преку
Владата и наскоро ќе започне комплетната реконструкција на оваа улица. Вкупната вредност на реализација на овој проект кој вклучува коловоз,
водоводна и канализациона мрежа изнесува 37.285.637,53 денари со вкучен ДДВ, соопштија од Општина Битола на прашање на АПЛА.
А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани