
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска започна асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Се поставува првиот слој на асфалт на оваа важна сообраќајница за градот улицата „8 Септември“.
Камен-темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп беше поставен лани на крајот на јули. Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација.
Станува збор за проект вреден над 102 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри. Се најавува комплет улицата да биде пуштена во промет во 2026 година.
Фото и текст А.Блажевска