2win800x200

Од петок до понеделник ќе се асфалтира улицата Довлеџик, сообраќајот ќе се пренасочи преку обиколница

Мај 26, 2022

Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул.„Довлеџик“.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул.Довлеџик со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор. Поради тоа, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27.05.2022 до 08.00 часот во понеделник 30.05.2022.

Во деновите додека трае асфалтирањето сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани