АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На површина од 800 метри квадратни, во населбата Довлеџик, партерно се уредува патеката во близина на Црквата „Свети Архангел Гаврил“. За подобрување на условите во овој дел на градот, општината, вложува 1.750.000 денари.
Изминатите неколку месеци, завршено е партерното уредување и на улиците „Вера Циривири Трена“, „Булевар 1 Мај“ (во близина на Сточен пазар), како и на патека на улицата „Железничка“. На овие три улици, уредена е површина од 780 метри квадратни, за што општина Битола издвои 1.000.000 денари.
„Едниот колега од ВМРО-ДПМНЕ вели гледате Довлеџик како се прави, а другиот излегува и му вели плаќаме претходни ситуации. Е, да, Довлеџик е од претходна ситуација. Не ја градите вие, некој друг ги исфинансира средствата. Дека се градат улици се градат, некој оставил финансиски средства во буџетот. 7 милиони евра на сметката во плус, а вие 8 милиони евра трошите за шест месеци. Е таа е разликата“, рече советникот Боче Корлевски на денешната седница на Совет отакко запраша на што актуелната власт потрошила толку пари, а советникот Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ му рече дека дел од средствата се за плаќање на претходни ситуации.
Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул.„Довлеџик“.
Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул.Довлеџик со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор. Поради тоа, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27.05.2022 до 08.00 часот во понеделник 30.05.2022.
Во деновите додека трае асфалтирањето сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата.
По речиси 4 месеци од почетокот на градежните активности, Општината денеска објави дека отворен е за сообраќај влезот во Битола од страната на Охрид. Градежните работи за реконструкција со доградба на пропустот над реката Курделес на улицата Довлеџик во Битола ги започна претходната локална самоуправа на 29 септември лани, за што од општинскиот буџет во 2021 беа издвоени 10. 378.100 денари. Актуелната локална власт денеска изврши пробно товарење, по што пуштен е во сообраќај овој фреквентен патен првец
-Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, за време на работните активности, изврши увид на состојбата на теренот. Од добиените наоди, констатирано е дека, објектот е изведен согласно основниот проект и постоечките технички прописи и нормативи. За сите вградени материјали, доставени се сертификати и извршени се испитувања на арматурата и бетоните. Согласно денешното пробно товарање и добиените резултати од терен, пропустот од попладнево е пуштен во сообраќај, информираат од Општина Битола
Инаку со овој проект, како што најави лани градоначалниката Петровска се планира целосна реконструкцијата на улицата Довлеџик во Битола, која опфаќа реконструкција на водоводната, фекалната и атмосферската канализациона мрежа, реконструкција на коловозот и ново улично осветлување, во вредност од над 22.419.000 денари, како и нов мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик, во должина од 30 метри и ширина од 21 метар, за кој Општина Битола изработи проектна документација. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, 2 пешачки патеки и 2 велосипедски патеки. Инвестицијата е 50.150.000 денари, а Општината за проектната документација и ревизијата на проектот обезбеди 1.235.460 денари.