АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е целосна реконструкцијата на улицата Довлеџик во Битола, која опфаќа реконструкција на водоводната, фекалната и атмосферската канализациона мрежа, реконструкција на коловозот и ново улично осветлување, во вредност од над 22.419.000 денари. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, изврши увид во тековните работни активности и беше запозната со динамиката на изведба на терен.
Исто така, во рамките на овие зфати е и реконструкција со доградба на пропустот на река Курделес, на улицата „Довлеџик“. Со реконструктивните зафати се санира и проширува постоечкиот пропуст, а за овој проект Општина Битола издвои 10.378.100 денари.
Истовремено е е потпишан договор за нов мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик, во должина од 30 метри и ширина од 21 метар, за кој Општина Битола изработи проектна документација. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, 2 пешачки патеки и 2 велосипедски патеки. Инвестицијата е 50.150.000 денари, а општината за проектната документација и ревизијата на проектот обезбеди 1.235.460 денари.
Со целосната реконструкција на ул. „Довлеџик“, Битола ќе добие нов современ влез од страната на Охрид.