
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стефан Тековски, советникот на Граѓанската иницијатива ГРИН во Советот на Општина Битола се ожени со својата долгодишна љубов Наталија, со која ја имаат едногодишната ќерка Атанасија.
Стефан и Наталија чија љубов трае една деценија, направија „две во едно“ свадба на првиот роденден на ќеркичката Атанасија.
На свеченоста Стефан ги покани и градоначалникот Тони Коњановски и колегите од Советот, па сватови беа советници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЛДП...

Стефан Тековски на политичката сцена во Битола се наметна на последните локални избори како носител на советничката листа на Граѓанска Иницијатива ГРИН. Млад човек зад кого застанаа повеќе граѓански организации и здруженија, истакнати стопанственици, луѓе од политичкиот живот, образованието, културата и спортот и успеа да освои советнички мандат.
Стефан се занимава со ветеринарство, а неговата понежна половина Наталија е стоматолог.
Тековски потекнува од семејство кое во Битола е препознатливо по својата работливост и претприемачки дух. Неговите родители со години воделе мали семејни бизниси на убавиот Широк Сокак, а Стефан ја продолжува семејната традиција.

А.Блажевска
