
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горан Исков е новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, одлучи претседателот Христијан Мицкоски. Исков во изминатите пет години беше потпретседател на ОК на партијата во Битола, кога на чело на партијата беше Пеце Милевски. Исков е директор на ЕСМ Молика под чија надлежност е хотелот "Молика" на Пелистер. Во изминатиот период во јавноста се зборуваше за неколку сериозни кандидати во трката за претседател на општинскиот комитет, но Исков секогаш беше меѓу фаворитите, велат извори од партијата. Исков по изборот на својот Фејсбук профил објави:
"Драги битолчани, по одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот Христијан Мицкоски, чест ми е да соопштам дека ми е укажана довербата да го водам најголемиот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Битола.
Довербата која ми ја доделија ме исправа пред огромна одговорност. Оваа позиција ќе ја спроведувам не сам, туку како и досега рамо до рамо со членството, пратениците, градоначалникот и сите битолчани.
Позицијата претседател на ОК Битола за мене претставува голема чест, мотивација но во ист момент голема обврска и заложба за успех.
Голема благодарност до досегашниот претседателот на ОК Битола, Пеце Милевски кој несебично го водеше општинскиот комитет, за целосниот негов ангажман и водењето низ неколку изборни победи.
Ветувам многу работа, чесен и одговорен пристап, достапност до сите членови, поддржувачи симпатизери и обични граѓани.
Ќе ја јакнеме организација, ќе го чувстуваме пулсот на народот и заедно ќе ја водиме Битола напред со честити граѓани што го заслужуваат најдоброто, објави Исков. (А. Б)
