Битолчанка ќе го води Црвениот крст на Македонија - д-р Лилјана Ристевска е нов претседател на Црвениот крст на Македонија

Јуни 30, 2026

Црвениот крст на Македонија ја одржа Конститутивно-изборната седница на Собранието, при што со одлука на Собранието, за претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија за новиот четиригодишен мандат е избрана д-р Лилјана Ристевска. За потпретседатели на организацијата се избрани Билјана Костова и Фатби Османи. 

Со ова официјално започна новиот четиригодишен мандат на највисокиот орган на организацијата.

На седницата присуствуваа новоизбраните делегати на Собранието, претставници на општинските организации на Црвениот крст, како и соработници на организацијата.

Претходно Д-р Лилјана Ристевска беше претседател на Општинска Организација на Црвен Крст во Битола. 

Ристевска речиси две децении е дел од Црвениот крст и низ годините имала можност да работи на различни скалила – од волонтер до претседател на Општинската организација на Црвен крст Битола и потпретседател на националното друштво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани