
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеникот од Битола Пеце Милевски објави - изгласани измените во "Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата". Милевски објави - После неколку денови во собраниска процедура денес се изгласани измените во "Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата"
Со законските измени се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20км/ч, согласно препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила и други измени.
Се заострува казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото – возење од малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување на друго лице, возење под дејство на алкохол.
Се пропишува, минималната возраст да биде од 18 години за управување на овие возила.
Свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока.
Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот.
Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна"
