
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
"Имаме посвежи примери на бегалци од државата и мислам дека треба со нив малку повеќе да се занимаваме. А околу Груевски тоа е пред околу десеттина години. Да се обидеме да креираме политики на почитување на правото и правдата и да ја оставиме меѓународната полиција да си ја работи работата, вака пратеникот од Битола Пеце Милевски од ВМРО ДПМНЕ одговори на провокацијата на пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска алудирајќи на бегалецот од Битола Васко Ковачевски, екс директор на АД ЕСМ која е обвинет за криминал тежок со милиони евра и за кого е распишана меѓународна потерница. Двајцата пратеници дебатираа во вечерашната емисија "Само вистина" на Канал 5, кога Тренчевска рече дека очекува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој престојува во Будимпешта со владина делегација, да го упаси и да го врати во државата екс премиерот Никола Груевски. На одговорот на пратеникот Милевски се надоврза водителката која го допраша дали смета дека сите бегалци од правдата треба да се вратат во државата и да одговараат на што Милевски рече - апсолутно.