2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директорот со кривични пријави му го „чуваше“ грбот на Мицкоски во Битола додека тој обвинуваше дека Владата е криминална

Март 16, 2023
Фото ФБ Христијан Мицкоски Фото ФБ Христијан Мицкоски

Директорот на јавното претпријатие „Водовод“ од Битола, Пеце Милевски, против кого полицијата има поднесено кривични пријави поради патувања со службено возило во странство денес му го „чуваше“ грбот на лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додека тој во Битола даваше изјави за медиумите дека време е да се промени владата за која рече дека е криминална и безидејна.

Милевски, кој воедно е и лидер на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола освен што стоеше зад партискиот претседател за време на изјавите, тој седеше и до него при средбата на Мицкоски до бизнисмените од регионот. Мицкоски рече дека тука се заедно со градоначалникот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот Комитет и голем дел од општинската администрација за да ги слушнат проблемите на бизнисмените.

Инаку минатиот месец СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Милевски, актуелен директор на битолски „Водовод“, кој се сомничи за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.Тој беше осомничен дека реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство. Исто така, тој се сомничи дека како одговорно лице во текот на 2022 примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано. Претходно беше поднесена уште една кривична пријава против претпријатието што го управува и против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

Милевски тогаш изјави дека обвинувањата се неосновани, дека не сторил никакви злоупотреби и дека случаите имаат политичка позадина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани