
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четириесетина членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пројавиле интерес за општински лидер на партијата, а меѓу нив има и неколку жени што претендираат за челната позиција. Кандидатите веќе остварија средби со членови на Извршниот комитет на партијата, а она што ќе следува е средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Меѓу фаворитите се споменуваат актуелни функционери на власта, партиски членови кои сега и во минатото дале свој придонес во работата на партијата на локално и државно ниво.
Со оглед на тоа што во целиот овој изминат период мажи го воделе општинскиот комитет сега се отвора прашањето - дали е време за жена претседател на ВМРО-ДПМНЕ Битола?
Неофицијално дознаваме дека околу десетина жени покажале интерес залокален лидер, биле на интерву во Скопје, но добар дел од нив тоа повеќе го направиле за лобирање за друг или друга кандидатка, отколку за себе, а дел за партијата да ги има предвид кога ќе бараат друга функција за себе и помош за личен интерес.
Што се однесува до професиите на кандидатките дел се економисти, дел машински инженери, просветни работници...
Меѓу битолчанките кои се споменуваат дека се кандидарале за локален лидер се и Дијана Богдановска, Виолета Ковачевиќ, Тања Трајчевска, Јулијана Пејовска...и други кандидатки кои во изминатиот период не беа присутни во партијата кога таа беше во опозици.
Дијана Богдановска е вработена со Студенскиот дом во Битола, активен член на ВМРО-ДПМНЕ, со потекло од Кичево. Член на Советот при Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и координатор во ОК на УЖ Битола.
Виолета Ковачевиќ вработена во РЕК „Битола“ , битолчанка, активен член на партијата од нејзиното основање па до денес, Член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, активен член на Централната комисија за заштита на животната средина по ВМРО-ДПМНЕ, поранешен Советник во Советот на општина Битола.
Тања Трајчевска вработена во УЈП, координатор во ОК на УЖ во Битола, како и Јулијана Пејовска вработена во ЈП „Стрежево“ долгогодишен член на партијата, но без партиски функции.
Непобитен е фактот дека битолскиот огранок на ВМРО- ДПМНЕ секогаш изнедрувал квалитетени женски политички капацитети, тоа и денес го потврдува храброста на жените да се зафатат за една од најкомплексните партиски функции, но уште поевидентен е фактот дека колку посилна и капацитетна жена е во опција, чии критериуми се недостижни особено кога се во прашање одредени мажи, политичари, толку мизогинијата и говорот на омраза е поголем особено во пласирањето на лаги за нивна лична девалвација.
ВМРО-ДПМНЕ во Битола има шанса да ја зголеми видливоста и прифатливоста во локалната заедница за граѓаните да можат да се навикнат на тоа да ги гледаат жените во улога на лидери и лица кои носат одлуки.
За мажите кандидати за лидерската позиција во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола во следниот текст.
Анета Блажевска
