Битолски таксист удрил во бетонска бандера и повредил двајца патници на ул.„Никола Тесла“ Во Битола

Јули 04, 2026
ул Никола тесла Битола фото Апла.мк ул Никола тесла Битола фото Апла.мк

Таксист од Битола на 3 јули доцна во ноќта удрил во бетонска бандера во близина на претставништвото на „Скопска пивара“ на ул. „Никола Тесла“ во центарот на Битола и при тоа од ударот ги повредил двајцата сопатници. 

Бетонскиот столб во кој се забило такси возилото се уште има траги од жолтата боја на колата со која се вршел такси превозот.

Според СВР Битола патниците на возраст од 23 и 28 години се здобиле со телесни повреди. 

Од СВР Битола за АПЛА  потврдуваат дека кај нив е пријавено: „На 03.07.2026 година во 02.27 часот во СВР Битола е пријавена сообраќајна незгода со повредени лица во такси возило кое удрило во бандера на ул.„Никола Тесла“ во непосредна близина на „Скопска пивара“ во Битола“.

По несреќата биле повикани полиција и екипа на Итната медицинска помош.

Засега официјално не се открива причината за оваа сообраќајна несреќа, ниту пак дали таксистот возел за лиценцирана такси компанија или бил на диво приклучен во сообраќајот. 

ул. Никола Тесла Битола

фото А.Б  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани