
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Луксузниот службен автомобил „Ауди А6“ кој за Општина Струга пред седум години го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, денеска е продадено на јавна аукција за околу 22.000 евра, објави општината на социјалните мрежи, објави Слободен печат.
"Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денеска беше продадено за 22.000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина. Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација. Овој пристап, насочен кон намалување на трошоците и на јавниот долг, ќе ни помогне во наредните години да создадеме услови за уште поголем развој на Општина Струга“, објави локалната самоуправа на Фејсбук.
Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред четири месеци го заплени „Аудито“. Со парите ќе се враќаат дел од општинските долгови. Според Општина Струга, на јавната аукција учествувале деветмина заинтересирани понудувачи од Струга, Охрид, Битола и од Скопје, а највисоката понуда за автомобилот ја дала фирма од Битола.
