Полицијата лиши од слобода две деца од Битола за управување мопед без возачка дозвола

Јули 08, 2026


На 07.07.2026 во 20:25 часот на ул. „Виенска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 15-годишен малолетник од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетникот, при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.



На 07.07.2026 во 21:10 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 16- годишен малолетник од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетникот, при што констатирано било дека истиот го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани