Градоначалникот Тони Коњановски објави дека - Екипи на јавните претпријатија Нискоградба, Водовод и Комуналец со својата оператива се на терен во санирање на штетите по силниот дожд што ја зафати ноќеска Битола.
„Силните и интензивни врнежи помеѓу 22.00 и 01.00ч. направија оштетување на коловозот во дел од населбите Баир, Бадембалари, на улиците Дебарска, Бихач и Караорман. Дел од оперативата работи и на потегот Кравари и Бистрица. Заедно со директорите сум на терен со цел координирање и санирање на состојбите“, објави Коњановски