2win800x200

Предлог законот за измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска беше изгласан од мнозинството пратеници во Парламентот. Пратеникот Пеце Милевски ги објави измените на својот Фејсбук профил:

- Се придвидува возач кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw, откако ќе наполни 23 години и минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука и која важи само на територијата на државата.  Ова овозможува подобрување на протокот на сообраќајот во урбаните средини, особено во услови кога најчесто се јавува појавата „еден човек – едно возило“, поголема мобилност на граѓаните и полесен пристап до работни места, услуги и други активности.
 
Зголемената употреба на помали моторни возила ќе значи придонес во заштитата на животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови и намалување сообраќајниот метеж. 
 
Новите промени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата обезбедуваат поефикасен сообраќај преку зголемувањето на проточноста и намалено загадување на урбаните места со концентриран сообраќај преку подобрен квалитет на воздухот, објави пратеникот Милевски.  
 FB IMG 1775678815529
Инаку, согласно Европската директива 2006/126/Е3, во Европската Унија, можноста за управување на мотоцикл до 125 см³ варира во зависност од земјата. 
 
Некои земји на Европската Унија го дозволуваат тоа под специфични услови, како на пример поседување на дозвола од Б категорија, одреден број години со Б категорија или заврушање на дополнителна обука. 
 
Во некои на самата возачка дозвола мора да се допише посебен национален код со кој што возачот кој поседува возачка дозвола Б категорија, ќе има право да управува мотоцикл до 125 см³ од категоријата А1.
 
Држави каде може да се управува мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија се: Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксенбург, Словенија, Полска и др.
 
На пример, во Италија на возачите со Б категорија им е дозволено да управуваат мотоцикл до 125 cm³ без полагање дополнителен возачки испит, под услов да поседуваат возачка дозвола одреден временски период.

По големата трагедија во Кочани, се огласи пратеникот Пеце Милевски од Битола, велејќи дека нема простор за импровизација, ова е последен чекор да се спаси државата и граѓаните. Реакцијата на Милевски ви ја пренесуваме интегрално.  "Во деновите на најголемата трагедија и болка моите мисли ги насочив во молитва за младите души, здравје за сите повредени и поддршка на родителите.

 
Во битката на чесните против нечесните, мора да победи МАКЕДОНИЈА и народот.
 
Во најтешките моменти за Македонија се потврди една голема вистина - чесноста, правото и правдата мора да победат.
Нема друга алтернатива, нема ни милиметар простор за импровизација - ова е последниот чекор да се спаси државата и нејзините граѓани.
 
Никакви отстапки, никакви тетеравења, никакви шумови не треба да ја скршат решеноста и одлучноста да се излезе на крај со распаднатите институции, со разнишаната доверба и сега е време во големата болка да бидат мобилизирани сите човечки професионални, морални и етички потпори и решително чесноста да ја победи нечесноста.
 
Акцијата вклучува отпор, оневозможување, но тоа треба да биде и изворот на силата - да се направи СЕ и да победи чесноста.
 
Вие почитувани граѓани, нашите деца и сите идни поколенија и неродените, но и оние кои со сопствената саможртва се вградиле во темелите на Македонија - сите не обврзуваат решително, без двоумење, посветено и чесно да ја градиме и развиваме функционалноста на државата.", објави пратеникот Милевски на својот Фејсбук профил

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советничка во Советот на Општина Битола

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани