По големата трагедија во Кочани, се огласи пратеникот Пеце Милевски од Битола, велејќи дека нема простор за импровизација, ова е последен чекор да се спаси државата и граѓаните. Реакцијата на Милевски ви ја пренесуваме интегрално. "Во деновите на најголемата трагедија и болка моите мисли ги насочив во молитва за младите души, здравје за сите повредени и поддршка на родителите.
Во битката на чесните против нечесните, мора да победи МАКЕДОНИЈА и народот.
Во најтешките моменти за Македонија се потврди една голема вистина - чесноста, правото и правдата мора да победат.
Нема друга алтернатива, нема ни милиметар простор за импровизација - ова е последниот чекор да се спаси државата и нејзините граѓани.
Никакви отстапки, никакви тетеравења, никакви шумови не треба да ја скршат решеноста и одлучноста да се излезе на крај со распаднатите институции, со разнишаната доверба и сега е време во големата болка да бидат мобилизирани сите човечки професионални, морални и етички потпори и решително чесноста да ја победи нечесноста.
Акцијата вклучува отпор, оневозможување, но тоа треба да биде и изворот на силата - да се направи СЕ и да победи чесноста.
Вие почитувани граѓани, нашите деца и сите идни поколенија и неродените, но и оние кои со сопствената саможртва се вградиле во темелите на Македонија - сите не обврзуваат решително, без двоумење, посветено и чесно да ја градиме и развиваме функционалноста на државата.", објави пратеникот Милевски на својот Фејсбук профил