2win800x200

„Жена во машки чевли“-РЕК Битола го обезбедува Стојанка Јовановска

Март 04, 2025

Како битие кое најчесто е одликувано со наративот, кревка, нежна, плашлива.. жената денес во 2025г., ќе ја сретнете на работно место кое можеби никогаш нема да ви падне на памет но, такви сме, амбициозни, посветени, силни и истрајни.

Ако пред  116 години се бележат првите обиди за промена на ставот и погледите кон жената, пред 15 години револуционерно тие сомнежи ги скрши Стојанка Јовановска.

Пред околу деценија и пол, Јовановска е вработена  како прва и единствена жена на позицијата портир- стражар при Службата за физичко обезбедување во Подружница РЕК Битола Новаци но и на ниво на АД ЕСМ и сеуште е активна во Службата, со истиот мотив и жар како првиот ден. Мојот предизвик беше, да Ви ја раскажам нејзината приказна.

Вели, цел живот ја сакав униформата, од мала активно тренирав карате, ја поседувам пасијата за оружје но, насмеана вели недостатокот од  2cm во мојата висина беа пресудни на алтернативен начин да си го исполнам сонот „ Ако не можам да бидам полициски службеник, тогаш можам да работам како обезбедување !“. Некој ќе рече „голема работа“, седиш на капија, евидентираш влез - излез ништо страшно, секој го може тоа, но тежината на работното место е многу поголема, ако се земат предвид опасностите што на дневна основа те демнат при решавањето на вербални конфликти, недолично однесување, прекршување на редот и мирот во компанијата кои подлежат на санкции, затекнувањето прекршоци од типот алкохол, кражби, насилен упад и слично. Вели со многу вакви ситуации, сум се соочила во изминативе 15 години.

Неможев, а да не прашам дали во некаква форма била дискриминирана од колегите при доделување на задачите, сметајќи ја  понежен пол со процена дека не би можела да се справи со одредена ситуација? Искрено, вели, почитта од колегите мажи е на беспрекорно ниво, никогаш не сум  доживеала такво нешто, дури често ме бараат, како жена на посуптилен начин , одреден вербален конфликт јас да го решавам, за да не ескалира ситуацијата во физичка пресметка, и се шегува на своја сметка,- „ Од Прилеп дојдов,  да ви покажам дека жена може да работи како обезбедување“. Рамо до рамо со колегите и со взаемна поддршка, често откриваат, спречуваат, предвидуваат и елиминираат девијантни појави, во општеството типични за машкиот пол но, Стојанка е дел од тимот и ги поместува тие граници.

За своето приватно опкружување, вели сите се восхитени од тоа што го работам, имам поддршка од сите и доверба во истрајноста заради специфичноста на професијата.

Прашав, дома кој го ужива приматот на авторитет кај синовите, таа или сопругот? Вели често знаат да ме опоменат „ мамо не си на работа, доста со контролата и командата“ по што се повлекувам  и да, татко им е тој со кого повеќе внимаваат. Ми појасни дека никогаш не била во ситуација да мора да посегне по оружјето, зошто тоа е последниот метод  кој се применува во крајна нужност, но ужива во користењето на оружје кога приватно оди на лов. Накусо приказната на Стојанка Јовановска, портир- стражар при Службата за физичко обезбедување во РЕК Битола Новаци изгледа вака, а порака која ја испрака е следна: -„ Следи си го сонот, нема погрешни врати,биди лојален на себе и само небото ти е граница за успех.“

 

П.Р текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани