АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стевче Стевановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја презеде градоначалничката функција во Општина Новаци. Денес имаше примопредавање на функцијата, а досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски, кој како кадар на СДСМ го водеше Новаци во изминатите четири години, на Стевановски му посака успех во престојниот манадат.
„На состанокот денес со идниот градоначалник и советниците поразговаравме, испиеме едно кафе. Му посакувам среќа и успех во наредниот четири годишен мандат. Се надевам дека општината Новаци за четири години ќе ја видиме во многу подобро светло со многу подобри проекти. Останува времето да покажи дека во општина Новаци како на досегашниот, така и идниот состав на Советот целата ни е Новаци од рурална да ја направиме во урбана средина“, рече Кузманоски.
По заминувањето од градоначалничкото место, Кузманоски од први ноември се враќа на старото работно место во РЕК „Битола“.
Новиот градоначалник Стевановски рече дека Општината ќе биде отворена за сите жители на Новаци и дека во првите сто дена ќе ги реализира трите проекти што ги вети во предизборието.
„И официјално ја презедов функцијата градоначалник на Општина Новаци. Ќе ја водиме општината во нови предизвици, проекти и победи. Од денес Општина Новаци ќе биде ширум отворена за сите наши жители за да ги решаваме сите проблеми и предизвици. Прво ќе се зафатам со реализација на моите предизборни ветувања, трите проекти кои треба да ги отпочнеме во првите 100 дена. Тоа се субвенции за климатизација на објектите, субевнции за издградба на термофасадаи и во земјоделието, субвенционирање на специфични земјоделски култури“, рече Стевановски..