2win800x200

Стевче Стевановски: Зелено светло за регионална депонија во Новаци било дадено во 2017 година

Март 22, 2022

-Струшкиот градоначалник Мерко најави дека регионалната депонија за општините од Југозападниот и Пелагонискиот Регион ќе биде во Новаци. Што е досега преземено?

Што се однесува до регионалната депонијакоја која што како проект е отпочната во 2004 година и последователно сите овие години била на некое ниво актуелизирана за да се издигне како проект кој што ќе не доближи до ЕУ регулативите во делот на третирањето на отпадот и максимална заштита на животната средина, до ден денес не е ништо конкретно преземено. На ден 17.03.2022 година добиен е допис од МЖСПП во кој од општините во југоисточниот регион се бара да номинираат лица кои заедно со Министерството ќе работат на подготовка на документацијата и формирање на заедничко јавно претпријатие за управување со регионалната депонија.

-Дали беше побарано мислење од Општина Новаци дали сакатерегионалната депонија да биде на ваша територија?

Сите овие години оваа тема е актуелизирана во неколку наврати за да во 2017 година се дојде до некаква финална одлука за која што жителите на Општина Новаци во 7 месец 2017 година  на јавна расправа биле прашани и дале зелено светло.

-Кој пинцип на работа со сметот ќе биде применет?

Точно е тоа дека Општина Новаци се јавува како општина на чија што територија планирано е да се изгради регионалната депонија која во суштина би требало да биди фабрика која што ќе го селектира и рециклира целокупниот отпад од кој органскиот отпад ќе биде подложен на процес на анаеробна ферментација од што би се добило биогас кој би се користел за производство на електрична енергија. Другиот отпад ќе се селектира на посебен начини ќе се пренасочува на финална рециклажа онаму каде што е наменет.

-До која фаза се наоѓаат тековните работи за изградба на оваа регионална депонија?

Во овие 5 месеци од кога сум јас градоначалник на Општина Новаци ова се информациите кои се стигнати до мене. Во овој момент од мене не се бара согласност од МЖСПП затоа што согласноста е дадена во 2017 година како од страна на локалното раководство така и од срана на жителите на Општина Новаци. Од мене се бара само соработка и вклученост на општината во понатамошните процеси кои ги диктира министерството.

 -Дали е оправдан стравот кај населението дека депонијата ќе значи дополнително загадување на средината?

Според она што како е замислена да функционира регионалната фабрика за рециклирање на отпадот која впрочем треба да ги задоволува сите ЕУ регулативи за модерна депонија мислам дека загадувањето ќе биде сведено на минимум за разлика од она што сега се случува со депонијата Мегленци која не задоволува никакви стандарди и услови и екстремно ја загадува животна средина во пелагонискиот регион.Регионалната депонија која се планира да се изгради секако ќе биде можност за нови вработувања за локалното население со што ќе допринесе за дополнителен економски развој на нашата општина

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани