Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во денешното интервју за Хрватската радио телевизија, информираше за добрата соработка која ја има општина Битола со хрватскиот народ, нагласувајќи дека активностите во идниот период ќе се насочат и кон заедничка реализација на проекти финансирани од Европски фондови, како со збратимениот град Риека, така и со други општини од Хрватска.
Коњановски нагласи и дека, општината остварува соработка и со хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво „Марко Марулиќ“, преку реализација на заеднички активности, со кои се врши доближување на хрватското културно наследство и хрватскиот културен идентитет.
Градоначалникот на Битола, потенцираше и за важноста на понатамошната соработка, на Битола со општините од Хрватска, во делот на економскиот развој и потенцијалните нови инвестиции.