АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола ги загуби ингеренциите во управувањето со детските градинки во Битола, беше речено на прес конференција на ОО на СДСМ Битола
Според советник во Советото на Општина Битола, Борче Корлевски, Министерството за труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола за назначување член во Управниот одбор на градинките „Естреја Овадија Мара“!
-Се оствари тоа што предупредувавме дека ќе се случи ако продолжи инаетот на владеачкото мнозинство во Советот на Општина Битола, предводено од ДПМНЕ.
Заради инаетот и самобендисаноста на ДПМНЕ, Поинаку и Левица, Битола за првпат како единствена општина во државата, прави чекор назад во децентрализацијата и ќе чека од Владата да добие член на Управен одбор во некоја градинка, рече Корлевски.
Според советникот Корлевски, локалната власт преводена од ДПМНЕ, Поинаку и Левица најпрво не ги изгласаа завршните сметки и програмата на Детските градинки уште на првите седници без никакво образоложение со манипулативни изјави во јавноста. Потоа три пати ја поставија и три пати ја тргнаа точка од дневен ред за избор на претставник на вработените во управниот одбор на установата.
И покрај тоа што знаеја дека со таквиот пристап го нарушуваат работењето на институциите, особено во оние кој работата со нашите најмили со нашата иднина на крајот гласаа воздржано, без никакво образложение, без никаков аргумент, само врз основа на сознанија на Заменик градоначалникот изнесени на седница на совет.
-За ваквиот однос од страна на заменик градоначалникот на седница на Совет побаравме одговорност од градоначалникот на Општина Битола Коњановски кој преќутно и без одговор го аминуваа неговото самоволие.
Со таков однос, без тронка одговорност ги оставија градинките три месеци парализирани, без функционален управен одбор, но и тоа денес заврши. Останува само срамот што локалната власт предводена од ДПМНЕ го залепи на Битола, како единствена општина во државата со ваков епилог и тоа од нивното незнаење, нивните импровизации и нивното правење театар во практикувањето на локалната власт. Прашањето денес кое го поставуваме кој ќе ја превземи одговорноста за кој граѓаните ни дадода легитимите да одлучуваме за доброто на институциите а не истите да ги уништуваат?, нагласи Корлевски прашувајќи дали ДПМНЕ му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски кој со денешната одлука на Министерството е докажа дека не и мисли добро на Битола, туку слепо ги следи насоките од Белата палата на ДПМНЕ?
Или Градончалникот Тони Коњановски им ги одзеде ингеренциите на Советот со послушност на советници од ДПМНЕ, Поинаку и Левица и со тоа се директно одговорни што Битола ја губи можноста сама да си ја врши законската обврска, А полни им беа устите за Скопје, за Владата, за зависноста на Битола од министерствата. Од денес таа приказна веќе не држи вода бидејќи ДПМНЕ, Поинаку и Левица го дозволија тоа, рече Корлевски.