Назначувањето на директор на Офицерски дом, кој во времето на Владимир Талески беше два мандати директор во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Битола и еден мандат директор во Градската библиотеката, е директно навраќање на тоа што се случуваше во минатото и кои беа намерите на таа гарнитура за Офицерски, реагира ОО на ЛДП Битола по назначувањето на новата директорка на КИЦ Битола, Лили Бошевска од редовите на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
-За потсетување Владимир Талески и екипата околу него, во која беше и директорката на Офицерски, сакаа да го продаваат истиот и објавија оглас за негова продажба.
Жестоката реакција на граѓаните, тогаш ги одврати од ужасната намера, ама денес се уверивме, дека идејата ниту е мртва, ниту е заборавена, а сликите на разрушениот дом се уште се свежи кај Битолчани. Ниту еднаш, во минатото, не слушнавме дека директорката се спротивстави на продажбата на Офицерски, ниту пак на катастрофалната состојба во училиштата и огромните долгови кои истите ги имаа. ЛДП-Битола е крајно разочарана од ваквите кадровски решенија, кои не носат напредок, туку се враќање во едно мрачно минато, за кое мислевме дека е одамна завршено, реагираат од ЛДП Битола.