2win800x200

Чулакоски вели „неотповикан“ амбасадор ја спречил изградбата на депонија во Пелагонија

Март 10, 2025
Иван Чулакоски Иван Чулакоски

Советникот од Поинаку, Иван Чулакоски на последната седница на Советот обвини пранешен министер од Битола, актуелен амбасадор, чии име не сакаше да го објави, дека тој  ја стопирал изградбата на депонијата во Пелагонија. По дофрлувањето на претседателката на Советот  Габриела Илиевска дека амбасадорот не бил отповикан, се подразбира дека двајцата од Поинаку зборуваат за актуелниот амбасадор на Македонија во Словенија, битолчанецот Горан Милевски, поранешен министер за локална самоуправа. 

Чулакоски обраќајќи се до Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ вели: 

-Проeктот е почнат 2015, па едно време имавме еден министер оттука од Битола, за локална. Сега негде таму е амбасадор..., вели совeтникот Чулакоски, а во зборувањето му дофрла претседателка Илиевска велејќи - „неотповикан“. 

На ова Чулакоски продолжува - „неотповикан, да, се уште, неќам да го именувам. Па едно време рече -'Шо бе депонија, рече Битола, нема да има Битола депонија! Tо во 2019 застана постапката. Сега повторно се актуелизира приказната, ама ние немаме камиони колега Бојкоски“, зборуваше Чулакоски на говорница на последната седница на Советот од 28 февруари, кога тема беше регионална депонија. 

482403397 1272038490526388 1054130128549121360 n

Но, по говорот остана недокажано дали  Милевски е „кривецот“ што нема регионална депонија во Пелагонија и дали заради тоа треба да биде отповикан од амбасадор и да го вратат во Битола?   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани