2win800x200

Две жртви во сообраќајката пред Битола и едно тешко повредено лице

Март 10, 2025

Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп.

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола -Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки,  управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, Општина Кривогаштани. Во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола, соопшти Сања Стаматова .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани