2win800x200

Судијата Жаклина Доведен избрана за претседателка на Апелациски суд – Битола

Март 10, 2025

Со 13 гласа „за“, судијата Жаклина Доведен беше избрана за претседателка на Апелациски суд – Битола.

Довден студиите на правниот факултет ги завршува во 1990 година, а од 1992 година до 1998 година волонтира во Основниот суд во Струга. Во 1996 година го положува правосудниот испит. 

Таа се вработенува како стручен соработник во Основен суд Струга на 01.09.1998 година. Од 2002 година до 2011 година е судски администратор на Основен суд Струга. На 30.11.2011 година избрана за судија на Основен суд Битола, и работи во граѓанскиот оддел. На 28.06.2013 година избрана за судија на Апелациониот суд во Битола каде работи во граѓанскиот оддел. 

На денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија покрај  претседател на Апелацискиот суд во Битола, беа избрани и претседатели на Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кочани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани