2win800x200

Драган Вељанов објави! - Во сабота на протест не одам!

Март 10, 2025

Граѓанскиот активист Драган Вељанов од Битола, кој делува на полето на заштита на животната средина, објави зошто нема да оди на протест во сабота, најавен  по одлуките на Советот на општина Битола поврзани со отворање на центар за управување со комунален отпад во Општина Новаци.          Фејсбук објавата на Вељанов ви ја пренесуваме во целост                               

 ВО САБОТА НА ПРОТЕСТ НЕ ОДАМ ! 
Значи, инфо до сите мои искрени пријатели кои другарски овие дена ме преплавија со пораки, повици и муабет во врска со депонијата во Новаци дека јас НЕ СУМ ОРГАНИЗАТОР на протестот, дека не правам никакви ГРУПИ, дека не креирам никакви ПРОФИЛИ и дека на протестот во сабота НЕМА ДА ОДАМ и НЕ ГО ПОДДРЖУВАМ ниту јас, ниту моето семејство, ниту моите блиски и НЕ ГИ ПОВИКУВАМ моите пријатели и другари да одат на овој протест.
 
Причината за ова е АНОНИМНОСТА на организаторот и луѓето кои јас ќе треба во сабота да ги поддржам на тој протест. Протестот е организиран со креирање на настан од извесен профил Protiv Deponija кој јас во порака фино и културно го замолив да ми се престави и го прашав да ми кажи кој е со Име и Презиме за да знам кого треба да го поддржам, дали воопшто треба да излезам на тој протест и со кого си имам работа во целата оваа борба. Добив одговор дека профилот е АНОНИМЕН и дека протестот ќе биде АНОНИМЕН, а тој не сака да ми се претстави кој е со негово Име и Презиме. Сето ова ми буди еден ГОЛЕМ СОМНЕЖ дека станува збор за политичка манипулација од страна на некои политички ботови кои едвај чекаат да се појави некакво вакво незадоволство кај граѓаните за една ваква намерно или ненамерно пласирана тема баш во овој предизборен период и да пробаат да го искористат тоа незадоволство во политички цели со создавање на монтиран процес на незадоволство на граѓаните. Оправдан е според мене, мојот сомнеж дека можеби се работи за политичка партија, а тие богами како хиени се и кога ќе видат плен одма сакаат да го распарчат на сите страни. Битола еднаш и го помина тој процес на политички сценирани процеси поврзани со незадоволството за загадениот воздух и сведоци сме дека после промената на власта како со магично стапче одма воздухот се исчисти, така?. Одма протестите прекинаа и одма сите заборавија на загадениот воздух. Хмм... Како сега повторно да сѐ сака да се крене народот за една друга тема - депонијата во Новаци. Кај мене ова не поминува, никогаш повеќе!
 
Кога се формираше ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ бев на состанок со бившата градоначалничка Наташа Петровска (која патем дојде на таа функција меѓудругото и благодарение на тие протести) и тоа не да барам помош, туку само да ја информирам дека Битола ќе инсталира хипер-локална мрежа од сензори на светска глобална мрежа, а од нив барам само да нема отпор и сопки од нивна страна. Ме гледаше како Алиса во земјата на чудата и прво, не знаеше за што му зборувам, а второ, во повеќе наврати не нападна со низа нејзини објави, а претходно беше многу загрижена во деновите кога се протестираше. Затоа ми се гади од вакви обиди да се злоупотреби желбата на битолчани за подобар и поквалитетен живот. Јас со вакви АНОНИМНИ организатори не сакам повторно да влегувам во политички замки и затоа ќе го БОЈКОТИРАМ овој протест!
 
И на крај една порака до АНОНИМУСОТ:
Како планираш, бе пријателе, да бидеш анонимен и како очекуваш да се крене цел град на нозе кога не знаат ни кој си, ни што си? Како? Кажи фирма ли си, здружение ли си, партија ли си, физичко лице со име и презиме ли си, што си? Ами овој мирен протест треба и во МВР да го пријавиш, знаеш? Кога ќе те прашаат кој е организатор, што ќе му кажиш? Дека си АНОНИМЕН? Дека протестот е АНОНИМЕН? Како бе така? Па јас морам точно да знам кога излегувам од дома за кој излегувам, јасно ти е? Не сакам да бидам политички злоупотребен, ти текнува? Како што бев на минатите протести за чист воздух. Таа финта повеќе не врви, барем кај мене. Од вакви гимнастики со анонимуси како тебе си патиме сите овие години наназад. И од вакви злоупотреби на вољата на граѓаните сме на вакво дерече. Така да знаеш, или знаете, незнам како да ти се обратам! ? Убо да си помините на протестот, само жалам што ќе нема кој да се обрати на насобраните луѓе. Сите ќе бидите АНОНИМУСИ!
 
А вие, мои искрени пријатели, возрасни луѓе сте, имате глави, размислувајте, имате мозок, искористете го и секој од вас со сопствените убедувања нека го поддржи или нека не го поддржи овој протест, а јас само си го кажувам мојот став, како и многупати досега директно во целта. ?
 
Поздрав и останете ми во добро здравје! ?
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани