2win800x200

За „регионалната депонија“ се огласи Наташа Петровска, екс градоначалничка на Битола - Во 2018 година е донесена одлука со која треба да се гради депонија исклучиво за општините од пелагонискиот регион

Март 10, 2025
На актуелната тема „регионална депонија“ се огласи и екс градоначалничката Наташа Петровска, таа вели дека „Во 2018 година е донесена одлука со која треба да се гради депонија исклучиво за општините од пелагонискиот регион“. 
 
-Сакајќи да ја избегнат сопствената одговорност, потпомогнати од одредени медиуми и поединци на социјалните мрежи, актуелниве политичари кои треба да носат одлуки, спинуваат дека одлука за регионална депонија за 18 општини била донесена во 2018 година. Таква одлука ниту е донесена ниту некогаш би се согласила. Во 2018 година е донесена одлука со која треба да се гради депонија исклучиво за општините од пелагонискиот регион. (приложен линк подолу)
Сеуште стојам на ставот:
1. Бидејќи актуелната депонија е вон сите стандарди на Битола и треба современа депонија за отпад која ќе биде САМО за општините од пелагонискиот регион.
2. Битола финансиски не е моќна сама да финансира таква депонија и за тоа треба финансиски средства и од централно ниво, затоа одлучивме владата да ја финансира.
3.За локацијата и самата градба оставам да одлучат стручњаците од таа област.
На крај, она што би им го кажала на актуелните политичари е: Тешко е да се носат одлуки кога треба да се спротивставиш на централната власт и на партијата. Но кога е во интерес на граѓаните тоа треба да се направи па по цена и на недобивање нов мандат од партијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани