2win800x200

46 годишен маж е жртва на сообраќајката кај Макази што се случи доцна попладнево

Март 09, 2025

На 09.03.2025 на патот А3- Битола Ресен кај м.в Макази случена била сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило марка „бмв" со ресенски регистарски ознаки управуван од 46- годишен жител на ресенско село удрил во патничко возило марка„ пежо" со битолски ознаки, па патничкото возило пежо од ударот удирило во друго патничко возило марка„бмв" со ресенски ознаки управувано од 47 -годишен жител на ресенско село и сопатник во истото. Од ударот на лице место починал 46- годишниот возач на „бмв" , а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен. Возачот и сопатникот во другото возило„бмв" се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Патот од м.в.Макази до с.Ѓавато е пренасочен по стариот пат, информира СВР Битола за Апла.мк 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани