2win800x200

Ликовниот уметник Нела Петровска повторно избрана за претседател на Друштвото на ликовни уметници на Битола

Март 09, 2025

Друштвото на ликовни уметници Битола на денешното Годишно собрание 2025 за нов Претседател на ДЛУБ ја избра Нела Петровска, ликовен уметник. Нела Петровска, родена 8 ноември 1979год. во Битола. Дипломирала во 2003 година на Националната академија на уметностите во Софија, на Факултетот за ликовна уметност, отсек - Сликарство во класата на професорите Божидар Бојаџиев и Станислав Памукчиев. Реализирала самостојни изложби и учествувала на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и Бугарија. Својата професионална енергија ја насочува кон едукација и пренесување на љубовта кон ликовната уметност на учениците во основно образование како наставник во ОУ „Тодор Ангелевски„ – Битола. Член на ДЛУБ од 2004 , а претседател на ДЛУБ од 2021/2022год.

482142574 1034526551842162 5309789403034396838 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани