
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Горната Гимназија во Битола го доби престижното признание од Република Франција за организирање билингвална настава. Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом - КИЦ Битола, СОУ Јосип Броз Тито приреди свечен настан по повод одбележувањето на 20 - годишниот јубилеј - двојазична франкофонска настава, (билингвални) паралелки. Во оваа прилика СОУ "Јосип Броз Тито" доби значајно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи, односно училиштето е носител на престижниот бренд LabelFranceEducation, кој се доделува на образовни институции низ светот што постигнале високо ниво во развојот и реализацијата на двојазичната франкофонска настава. По тој повод, во придружба на почесниот конзул на Р. Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ присутен беше и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер кој ѝ го врачи признанието на директорот на СОУ Јосип. Броз Тито, м-р Лидија Споа. По свечената церемонија, следуваше дружење со гимназиски бенд кој приреди одлична забава.

