
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предметот за злоупотребите со јавните набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите 11 судии од битолскиот Основен суд беа изземени од постапување, вклучително и претседателката на судот Татјана Петровска, поради претходно учество во постапката.
Битолска Апелација одлучи Основниот суд во Струга да постапува по предметот кој првично се водеше во Битола, но судот остана без можност да формира судечки совет.
„Основниот суд Битола по изземање на сите судии спречен е да постапува по кривичниот предмет, поради што претседателот на судот побара делегирање на предметот на друг стварно надлежен суд“ соопштија од Апелациониот суд во Битола.
Апелациониот суд оцени дека Основниот суд Струга, како суд со проширена надлежност, има доволно судии и капацитети да постапува по предметот. Од Основниот суд Битола соопштија дека списите ќе бидат доставени во Струга, пренесе Телма.
