2win800x200

Се попишмани генералниот секретар на СДСМ Димитријевиќ, па ги избриша "најактивните членови" од сопартијците во Битола

Јануари 30, 2026

Генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ по се изгледа се направил пишман што  битолските социјалдемократи што беа на средба со него ги нарече ,,најактивните членови", па откако останати сопартијци од Битола го  "подбраа" со негативни коментари се откажа од пофалбите и ги избриша ,,најактивните". Димитријевиќ синоќа напиша едно, денес смени, се предомисли. Messenger creation C1053CAA A287 4F6B B221 7F260977FE24 Генералниот секретар на СДСМ Димитријевиќ синоќа дојде на средба во Битола на која присуствуваа дел од партиските функционери и членови од Битола на чело со Драган Крајовски нов член на ИО, со цел да се изнајде решение да се консолидира општинската организација по оставката на доскорешниот претседател Методија Куновски. Иако беше најавено дека ќе избираат вршител на должност, како што првично за АПЛА кажа  Крајовски, најновото од синоќа е дека ОО на СДСМ Битола ќе ја води координативно тело се до изборот на нов претседател. Но, младиот Димитријевиќ најверојатно сакајќи да ги пофали оние битолчани што го почестија со присуството на средбата и седеа со него на маса, веднаш објави Фејсбук статус со неколку фотографии и ги окарактеризира како ,,најактивните членови" Арно ама, без задршка дел од членството меѓу кои и поранешни советнички во Советот на општина Битола и други партиски функционери, јавно го "подбраа" ген-секот на СДСМ во коментари. Messenger creation 59F18A12 3C55 4E33 88FD 3B6E2865C562 Така, поранешната советничка Мирјана Захариевска-Ралевска го искритикува  Димитријевиќ дека текстот што го објавил е несоодветен и прави штета. Со отворени критики кон генералниот секретар пишуваат и Самедин Канановски и Благојче Спасевски кои се активни членови, поранешни и актуелни претседатели  на месните заедници на СДСМ Битола, над две децении, а без воздржувања критикува и екс советничката Елена Кромидаровска.  Messenger creation 6101D73A 318B 4769 BE03 2ECAA7720FEFПо јавните негативни критики и сугестии  дека генералниот секретар на СДСМ  недоволно ги познава состојбите, односно членството во Битола, Димитријевиќ денеска ја менува првата реченица од Фејсбук статусот ,,Од Битола заедно со најактивните членови се обраќам до вас" во  нова реченица која гласи ,,Од Битола се обраќам до вас". На Фејсбук лесно може да видат промените што ги направил Димитријевиќ на обраќањето по средбата додека беше меѓу битолчани. Оттука членови на СДСМ кои ја забележаа разликата велат дека генералниот секретар на СДСМ Димитријевиќ, по се изгледа  попуштиил на критиките од битолските сопартијци и решил да се коригира во "пофалбите" . Инаку тешка е состојбата во СДСМ Битола, во позиција на опозиција ретко кој се нафаќа да ја води партијата. За да се биде локален лидер требаат пари, ресурси, а во опозиција се "нема"  пари за кафе, а не пак да се води партија, да се плаќаат сметките за струја за партиската зграда. Сега  само предвремени парламентарни избори може да ги активираа битолските социјалдемократи за да почнат со "сопки"  пред кроењето на пратеничките листи. FB IMG 1769799709571 Текст Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани