2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Габриела Илиевска паркирала на пешачки, ја зафатила пешачката зебра па си платила да не и го кренe возилото Пајак службата

Јануари 11, 2024

Габриела Илиевска, претседател на Советот на општина Битола и носител на јавна функција, за празниците,  по Нова година, паркирала на самиот пешачки премин спроти Безистенот од долната страна на Јени Џамија. Илиевска е носител на јавна функција и поради тоа таа е предмет на критичко набљудување на новинарите и јавноста.

Очевидци, граѓани, кои реагираа во нашиот медиум велат дека автомобилот на  претседателката на Совет, Илиевска бил оставен на самата зебра од пешачкиот, на што брзо реагирала сообраќајната полиција, по што била повикана и Пајак службата на  ЈП „Паркинзи“ Битола.

„Автомобилот беше оставен на пешачки, не знаев кој е сопственикот, но кога истрча претседателката на Совет и разговараше со лица во униформа, сфатив дека најверојатно таа управувала со него. Што се случи понатаму не знам“, сведочи очевидец на настанот, чии идентитет е познат на авторот на текстот.

 г 1

Фото ЈП Паркинзи Битола

 

Од СВР Битола ни потврдија дека на 2 јануари во 14 и 30 часот сообраќајната полиција интервенирала на улица „Столарска“ за направен сообраќаен прекршок.

„На 02.01.2024 во 14.30 ч. на возачот со патничко моторно возило „Цитроен“ со битолски регистерски таблички издаден е прекршочен платен налог и записник по чл.63 ст.1/6  од ЗБСП.“, одговорија од прес службата на СВР Битола.

Од ЈП „Паркинзи“ Битола го потврдуваат настанот и објаснуваат –

„Во текот на денот (02.01.2024) кој е Ваш предмет на интерес околу 14 часот и 30 минути од страна на вработените работници во Пајак службата, а по налог на припадникот на сообраќајната полиција, е подигнато само едно неправилно паркирано возило. Возилото е паркирано несоодветно, на површина која не е наменета за паркирање, односно било затекнато паркирано на пешачки премин на улица ‘Столарска’ во центарот на градот (односно наспроти Управата за водење на матични книги – подрачно одделение Битола),

При извршување на неопходните подготовки за подигање на возилото на лице место се појавила странката која тврдела дека управувала со возилото и побарала да ја плати казната на лице место (ова е право дадено согласно интерните правилници за работа на ЈППЈЛП Битола).“, ни одговорија од ЈП „Паркинзи“ Битола.

 

Илиевска е носител на јавна функција и поради тоа таа е предмет на критичко набљудување на новинарите и јавноста

Испративме прашање претпладнево до Илиевска дали го направила сообраќајниот прекршок - непрописно паркирање на пешачки премин во центарот на Битола за што била повикана да интервенира Пајак службата. Дали станува збор за возило кое таа го користи и дали таа лично ја плати казната, но до овој момент не ни испрати одговор. Доколку прати подоцна ќе го објавиме во целост.   

ова

Фото ЈП Паркинзи Битола

 

Како појаснување според изјавата од СВР Битола, за што прекршочно ќе одговара Илиевска:

Во членот 63 стои -

(1) Возачот не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

Како и тоа дека -

(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани