2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски отвори нов клуб во Битола

Јануари 03, 2024
фото од ФБ на Балкански мост фото од ФБ на Балкански мост фото ФБ Балкански мост

БИТОЛА– Битолчани со бугарска самосвест отворија ново здружение во Битола, но овој пат тоа носи многу симболично име „Балкански мост“ и не е поврзано со ниту една историска личност, како што  беше случајот со клубот „Ванчо Михајлов“.

Новото здружение, според негови активисти, било фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.

Претседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“, досега неекспонирана личност во јавноста, и не се поврзува со членовите на сега згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Единствена нишка што ги поврзува поранешниот клубот „Ванчо Михајлов“ и новото здружение е бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарска памет“, кој е донатор и финансиски помагател на активностите на клубот.

Целиот текст на следниот линк https://nezavisen.mk/bugarskiot-biznismen-milen-vrabevski-otvori-nov-klub-vo-bitola/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани