2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Министерството за правда не дало одобрение здружението да го користи името Иван Михајлов, сепак тоа е регситрирано во Централен регистер, тврди поранешната министерка Рената Дескоска

Април 18, 2022

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, се огласи на социјаланите мрежи попладнево со тврдење, но и документ, дека Министерството за правда во 2019 година не дало одбрение за употреба на името Иван Михајлов, сепак Централен регистер дозволи да се регистрира здружение под тоа име.

-Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината - согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда. Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов. Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган!, пишува Рената Десковска

Таа вели дека овој случај покажува дека потребни се измени во законот за здруженија и фондации

-Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име, вели Десковска

Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ е регистрирано во 2019 година, од пет лица сите од Битола. Има 15 цели но во нив никаде не се споменува соработка со Бугарија. На нивната ФБ страница пак пишува дека постојат за „рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михаилов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“, но тоа го нема во целите на здружението што може да се види од јавно достапните податоци во Централен регистер

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани